Внесете клучни зборови:
ПАРИЗ – ВЕРСАЈ - ДИЗНИЛЕНД
ВЕЛИГДЕН 03 мај - 07 мај 2024
Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “ Град на светлината “ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз одсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ќе го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.
1 ден – 03 Мај 2024 (петок)
Состанок на групата на аеродром во Скопје во 03.50 часот. Полетување за Париз преку Загреб во 05:45 ч од Скопје. Слетување во Париз во 11:05 ч.
Организиран трансфер со автобус до градот со вклучен панорамски двочасовен разглед: Елисејските Полиња, Триумфалната Капија, Конкорд, Црквата Мадлена, Операта Гарние, Лувр, Нотр Дам, Ајфелова Кула... Сместување во хотел IBIS LA DEFENCE 3 *. Слободно време за ручек и неколку часовен одмор.
Во 19 часот организирана прошетка по Елисејските Полиња и крстарење со брод по Сена (факултативно). Слободно време за вечера (факултативно). Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
2 ден – 04 Мај 2024 (сабота)
Појадок. Во 08.00 часот организирана прошетка до Лувр (со метро). Разглед на парковите Тујлери, малата Триумфална Капија и Пирамидата пред Лувр. Слободно време за влез во Лувр, влезници претходно резервирани (on –line). Посетата е предвидена не подолго од час и половина во музејот. Слободно време за ручек. Прошетката продолжува кон Операта Гарние, се гледа од надвор, Галеријата Лафајет, која нуди бесплатна преубава панорамска глетка од шестиот кат. Организирана посета на Музејот Фрагонар, разглед со водич со можност да се купат оригинални парфеми по пониски цени. Во вечерните часови (факултативна) посета на Мон Мартр (со метро). Слободно време и прошетка во квартот на уметниците и посета на катедралата Светото Срце. Заеднички прошетки по најстарите делови од квартот користејќи ги 200- те скалила за слегување надолу од каде што се прават најубавите фотографии. Слободно време за сликање пред најпознатото кабаре Мулен Руж. Слободно време за факултативна вечера во некој ресторан на Пигал. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
3 ден – 05 Мај 2024 (недела )
Појадок. Организирана (факултативна) посета на Версај. Поаѓање од хотел во 07.45 ч . Се посетува дворецот со локален водич. Можност за прошетка по Версајските паркови. Слободно време за ручек во градот Версај. Враќање во Париз. Попладне организирана прошетка низ Латинскиот кварт. Посета на Богородичната црква (однадвор), прошетки во квартот: Сорбона, булеварот Сен Мишел, Луксембуршките градини, црквата Saint Chapelle (од надвор). Во вечерните часови организирана прошетка до Ајфелова кула (со метро), индивидуална посета на Кулата. Заедничка вечера (факултативна) во ресторан на Трокадеро. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден – 06 Мај 2024 (понеделник)
Појадок. Слободен ден за индивидуална посета на забавниот парк за возрасни и деца – Дизниленд (влезниците претходно купени on-line). Се патува со брзиот воз RER (инструкции од пратител на група).
За оние кои остануваат во Париз организирани прошетки по мостовите на Сена, Општината, Бастиља, центарот Помпиду, областа Le Marais и плоштадот La Place des Vosges. Прошетка до La Defence, кој се наоѓа непосредно до хотелот. За љубителите на Кабареа можност за организирана вечерна посета на Мулен Руж или Крејзи Хорс (факултативно). Ноќевање.
5 ден – 07 мај 2024 (вторник)
Појадок. Собите се напуштат после 11 часот или за оние кои сакаат да шетаат багажот се остава на рецепција. Во 08.30 часот организирана заедничка посета на плоштадите Конкорд и Вандом каде што се наоѓа и хотелот Риц. Слободно време за ручек во рестораните околу Операта Гарние.
Враќање во хотел со метро. Организиран превоз со автобус од хотелот до аеродром Charlles de Gaulles во 14:30 часот. Полетување за Загреб во 18:30 часот, слетување во Скопје во 23.40 ч.
735€ |
Авионски превоз + Аеродромски такси + багаж |
4 ноќи +трансфер +разглед +пешачки тури |
Со појадок |
Во цената се вклучени следниве услуги:
Ла Дефанс, Елисејските Полиња, Триумфална Капија, плоштадот Конкорд,, Музејот Лувр однадвор и Паркот Тујлери, плоштадот Вандом, Операта Гарние однадвор, Галеријата Лафајет (со влез), Фрагонард музејот (со влез), Латинскиот Кварт и Нотр Дам однадвор, Сорбона, Пантеон, Луксембуршките градини, Ајфеловата Кула, Трокадеро, ...
Финална организација од страна на водичот во врска направени ON LINE резервации
Во цената не се вклучени следниве услуги:
Туристичка такса 5 еур по лице на ден – се плаќа кај претставникот на групата
Општи услови:
НАПОМЕНА: Сите влезници се купуваат, пред да започне патувањето, во предходна консултација со одговорното лице(водичот) ,во спротивно не можеме да гарантираме слободни места